ММС

Објавено на: 08/17/21 5:54 PM

(ФОТО) Женската ракометна кадетна репрезентација на прием кај претседателот Пендаровски

По победата на Б кадетското европско женско ракометно првенство во Клапеида, Литванија, претседателот Стево Пендаровски попладнево ги прими ракометарките и стручниот штаб на женската ракометна кадетска репрезентација – селекција до 17 години (У17), селекторот Љубомир Савевски и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, информираат прес-службата на претседателот.

Честитајќи им го големиот успех, претседателот Пендаровски истакна дека нивните постигнувања влеваат надеж за иднината на женскиот ракомет.

-Навистина имаме со што да се гордееме. Вашиот успех е и наш, национален успех. Посакувам да ја задржите меѓусебната кохезија, да се почитувате и да бидете пред се, најдобри другарки. Од мене имате целосна поддршка, им порача претседателот Пендаровски на младите ракометарки.

Со победата на Б кадетското европско женско ракометно првенство, ракометарките обезбедија место во највисокиот ранг на наредните европски првенства за младинки и за кадетки, како и настап на светското првенство.

На шампионатот во Литванија, 14-годишната Ива Младеновска беше прогласена за најкорисен играч, а во најдобриот тим, покрај неа, се најдоа и Теодора Дуковска и Марија Јовановска.

 

 

 

Фото:

Press President.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1