ММС

Објавено на: 08/17/21 5:25 PM

Во пожар целосно изгоре сендвичара во Охрид

Во пожар попладнево целосно изгоре угостителски објект во централното градско подрачје на Охрид.

Станува збор за сендвичара „Вили”, што се наоѓа во непосредна близина на поранешниот Градски полигон за мали спортови.

Екипи на Територијалната противпожарна единица интервенираат на лице место, но објектот е целосно уништен од интензивниот пламен.

Среќна околност во целата ситуација е што во непосредна близина на изгорената пластична барака нема други објекти па така е избегната поголема штета

 

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1