ММС

Објавено на: 08/17/21 2:09 PM

(Видео) Талибанците прв пат на фитнес и во забавен парк во Кабул

Талибанците успеаја да ја преземат власта во Авганистан за само неколку дена, но тоа што две децении меѓународната заедница предводена од САД се обидуваше да го модернизира општеството и економскиот живот таму, се чини не влијаело на нив, односно не ги следеле западните трендови.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Талибанците влегуваат во фитнес-сала во претседателската палата во Кабул и дека за првпат се соочуваат со спортскиот начин на живот. Некој од нив ги снимал како возбудени трчаат од уред на уред за вежбање и притоа се мислат како да го користат.

Претходно некој ги снимал како се забавуваат во авантуристички парк и возат електрични автомобили и јаваат коњчиња на рингишпил.

Извор:  Thequint.com

 

 

 

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1