ММС

Објавено на: 08/17/21 2:12 PM

Синот ги пронашол мртвите родители во Табановце – Телата на сопружниците испратени на обдукција

Увид во Табановце двојното убиство во кумановското село Табановце се завршен, но официјално сеуште не се познати причините.

-Утрово во 08.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа во с.Табановце, кумановско, биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36). По преземани мерки било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени на обдукција. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

ММС од терен дознава дека нема очевидци на настанот, а според информации од мештаните телата ги пронашол нивниот син,  кој потоа ја повикал својата баба, која не живеела со нив и која се шокирала од глетката што ја затекнала. Како што велат мештаните на селото Табановце, сега веќе починатиот маж, пред две недели излегол од затвор, а бил познат на полицијата од претходно по разни инциденти и насилно однесување.

(Н.И.)

Фото: Никола Иванов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1