ММС

Објавено на: 08/17/21 1:06 PM

Каде се жените? По објавувањето на фотографијата од авионот сите го поставуваат истото прашање! Што се случува со девојките!

Фотографијата од внатрешноста на авионот со 600 мигранти од Кабул до Катар го обиколи светот, а повеќето луѓе на социјалните мрежи го поставуваат истото прашање – Каде се жените?

Некои од коментари на социјалните мрежи се:

-Дали барем една жена успеала да влезе?

– Требало да има поголем процент на жени и деца.

– Многу е разочарувачко што гледам само неколку жени и деца!

– Каде се жените и децата? Ова се здрави мажи кои можат да се борат и да ја вратат својата земја.

Како што пишува Дојче веле, и покрај тоа што Талибанците тврдат дека сакаат „мирен трансфер“ на власта, многу раселени Авганистанци пријавиле злосторства во последните денови. Тие ги напуштаат своите домови, плашејќи се од убиства, силување и принуден брак.

Една жена изјавила дека има гласини дека Талибанците ги земале девојчињата со себе, а ги убивале младите со тетоважи.

Втората жена која носела бурка и сакала да остане анонимна, рекла дека нејзината снаа и кажала дека Талибанците силувале 12-годишно девојче, а потоа го фрлиле во реката.

 

 

 

 

 

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1