ММС

Објавено на: 08/17/21 12:58 PM

Прва доза вакцина вчера примиле над 12 илјади граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле вкупно 12.049 граѓани, а вкупно се вакцинирале 18.877 граѓани, информираат од Министерството за здравство потенцирајќи дека се повеќе се зголемува интересот за вакцинација.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани, информираат од министерството.

Со последните бројки 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 65% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 61% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 51% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Од министерството се категорични дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

– Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, потенцираат од МЗ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1