ММС

Објавено на: 08/17/21 12:43 PM

Бесправно градење во Охрид – Битолчанец си заработи кривична пријава

Поднесена кривична пријава за битолчанец кој без дозвола градел во Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(70) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, во текот на 2020, на парцела во Охрид во државна сопственост, без да поседува соодветно одобрение за градба и без соодветна ревидирана градежно-техничка документација и одобрение издадено од Управа за заштита на културното наследство, изградил објект од челична и дрвена конструкција. По извршените инспекциски надзори од страна на стручни тимови при Национална установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид“ и Управата за заштита на културното наследство – Скопје, донесено е Решение со кое се забрануваат градежните активности и отстранување на објектот, стои во соопштението на полицијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1