ММС

Објавено на: 08/17/21 11:54 AM

Повторно започнува со работа модуларната ковид болница во Кавадарци

По пауза од три месеци, од утре повторно започнува со работа модуларната ковид болница во кругот на кавадаречката општа болница. Во Кавадарци изминативе денови се бележи благ пораст на бројот на нови позитивни и во моментов активни се 45.

Директорот на болницата д-р Диме Коцев вели дека медицинскиот персонал е подготвен и за овој четврт бран на корона вирус.

„Секој ден бројот на прегледи во инфективна амбуланта се зголемува, а исто така се зголемува и бројот на пациенти кои бараат помош во дневната болница. За да не го доведеме во прашање здравјето на граѓаните, денеска имавме  комисија за интрахоспитални инфекции и донесовме одлука од утре модуларната болница да биде отворена. Доколку се исполни и овој капациет, подготвен е и четвртиот кат од нашата болница со капацитет од 20 болнички кревети и би имале вкупно 55 болнички кревети“ вели д-р Коцев.

Тој е задоволен од високиот одѕив за вакцинација и информира дека досега во Кавадарци  вакцинирани се околу  53 отсто од населението над 18 години.

 

Ангел Данов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1