ММС

Објавено на: 08/17/21 11:38 AM

На граничниот премин Табановце се чека еден час, на Богородица 15 минути

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека до 15 минути, додека на Табановце за излез времето на чекање е околу еден час – соопшти АМСМ.

На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет надвор од градските средини.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Фото: Архива


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1