ММС

Објавено на: 08/17/21 1:01 PM

Неправилно трошење на буџетски пари – Стојковски за 10 дена работа открил големи неправилности во ДИЗС

Новиот в.д директор на Државниот инспекорат за животна средина, Сретен Стојковски денес на средбата со новинарите рече дека ќе придонесе за подобрување на административните капацитети и ефикасно спроведување на законодавството за животната средина, вода и природа. Тој верува дека  ќе се подобри животната средина за сегашните и идните генерации.

– Во овие 10 дена откако сум на позиција в.д. директор  имам сознанија за слабостите во менаџирањето, непродуктивното работење, несоодветно трошење над три милиони денари буџетски пари, без извештаи за сработеното,  немање евиденција за присуство на работа и други  трошења кои ги надминуваат моите ингернции како директор, па поради тоа целокупната документација ќе биде дадена на антикорипциска и финансиската полиција, рече Стојковски.

Тој рече дека граѓаните имаат право на здрава животна средина и по претставки на граѓаните за можно одложување на опасен отпат во ЈП „Дрисла“ , додаде тој,  со колегите од инспекторатот е разгледана докумантацијата за добивање на интегрирана дозвола и е утврдено дека во процедурите за издавање на дозволата учествувал и Државниот инспекторат.

-Ќе направиме вонреден инспекциски надрзор врз Дрисла и ќе покренеме постапка на ревизија на издадената дозвола. Ќе се вршат редовни контролни и инспекциски надзори. Почнувајки од 15 септември  ќе почне инспектирање на активностите за расчистување на малата депонија со т.н. линдан, во ОХИС. Идната година ќе се набави опрема за индикативна мерења.  Остануваме отворени за соработка со граѓаните за сите проблеми и неправилности. Сите инспектори по работното време се во пасивно дежурство и на нив може да се смета во секое време, рече тој.

Тој додаде дека се направени шест вонредни инспекциски надзори за палење на нестандардизираните депонии, за д ане се предизвикуваат дополнителни пожари во околината.

М-р Стојковски е роден во 1967 година во Куманово, вработен во МЖСПП, советник во Секторот за ЕУ. Тој е дипломиран инженер технолог и магистер по технички науки од областа на Инженерство на животната средина, Технолошко-Металуршки Факултет при УКИМ, Скопје, информираат од Државен инспекторат за животна средина.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1