ММС

Објавено на: 08/17/21 10:37 AM

Повеќето од македонските државјани во Авганистан се веќе во Доха и Абу Даби

Повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан, Со воени авиони педестина граѓани на РС Македонија се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, од каде со редовни цивилни летови треба да се вратат во земјава, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– По вчерашниот тежок ден на аеродромот во Кабул, синоќа околу еден часот по полниќ аеродромот беше ставен во функција и евакуацијата започна. Утрово околу 4.30 првите наши граѓани кои беа евакуирани слетаа во Доха. Малку подоцна во Абу Даби слета и вториот авион во кој се наоѓаа 25 граѓани. Дополнително утрово беа упатени 19 наши државјани граѓани кои беа сместени во базата на НАТО и се очекува наскоро да слеѕтаат во Доха. Според последните информации нема македонски граѓани на аеродромот во Кабул- истакна министерот Бујар Османи.

Во Кабул се наоѓаат уште 14 македонски државјани од кои 11 денеска ќе бидат трансферирани на аеродромот за да бидат евакуирани во текот на денов, а тројца се изјасниле дека остануваат во Авганистан и подоцна ќе ја напуштат земјата.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1