ММС

Објавено на: 08/17/21 9:22 AM

Ги промовира вакцините, но не сака да се вакцинира ако не станат задолжителни -Тенисерот Циципас ја збуни јавноста

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се најде во центарот на светската јавност и тоа поради својата изјава за вакцинацијата против коронавирусот.

Финалистот на Ролан Гарос јасно порача дека не сака да се вакцинира се додека тоа не е задолжително што предизвика лавина негативни коментари.

Циципас се доведе себеси во незавидна ситуација со оваа изјава затоа што грчката влада го избра како еден од промоторите на имунизацијата.

– Никој ништо не ми рече. Никој не го направи вакцинирањето задолжително – изјави Циципас пред новинарите на Мастерс турнирот во Синсинати и додаде:

– Во некој момент ќе морам, сигурен сум во тоа, но досега не беше задолжително за да се натпреварувам така што не сум вакциниран, не.

Светските медиуми потсетија дека прашањето за вакцините ја дели јавноста во тенисот. Новак Ѓоковиќ минатиот април не сакаше да открие дали ќе се вакцинира, а Роже Федерер во мај откри дека се вакцинирал со Фајзер.

извор: Mondo.rs

фото: tennis365.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1