ММС

Објавено на: 08/17/21 8:44 AM

Србија со милион ипол вакцини на кои наскоро им истекува рокот – да се донира или ќе завршат во отпад?

Радан Стојановиќ, професор по фармакологија на Медицинскиот факултет во Белград, оценува дека Србија има околу милион ипол дози на вакцини, кои ако наскоро не се искористат, ќе мора или да се уништат како медицински отпад или да се донираат.
-Според податоците во кои имав увид, имаме околу 800.000 неискористени вакцини за Синофарм, 600.000 вакцини Фајзер и околу 100.000 АстраЗенека“, изјави Стојановиќ за Блиц.
Професорот оценува дека приоритет не треба да биде трета, зајакнувачка доза на вакцина, само поради тоа што има вишок вакцини, како што препорачаа српските здравствени власти, туку тие кои не примиле ниту прва доза.
-Да се фокусираме на луѓето кои треба да ги добијат првите две дози“, заклучи Стојановиќ.
Во Србија деновиве бројот на заболени расте и се движи над и околу 1000 новозаболени дневно.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1