ММС

Објавено на: 08/16/21 9:35 PM

Џони Деп: „Холивуд“ ме бојкотира

Холивудскиот актер Џони Деп, откри дека се соочува со бројни потешкотии и бариери во кариерата поради проблемите со поранешната сопруга, Амбер Херд, која претходно го имаше обвинето за насилство во семејството.

Деп „се отвори“ себеси кон јавноста, зборувајќи за тоа како „Холивуд“ го третира по семејните проблеми и призна дека последиците се одразиле и на неговата професионална кариера и дека тоа е една од причините поради кои не е активен во последниот период.

Имено, тој го промовираше филмот „Минамата“ (кој е снимен и во соседна Србија) и изјавил дека не постои датум за прикажување на истиот во САД, а филмот единствено е прикажан само во Велика Британија.

-И ако ништо, „Холивуд“ ме бојкотира. Еден човек, еден актер во непријатна ситуација во изминатите години, ништо ново. Се обидувам да одам напред колку можам, да направам исчекор и да ги изнесам сите работи, вели Џони Деп за „TMZ“.

За потсетување, Деп го загуби судскиот процес против британскиот таблоид кој пишувал различни приказни во однос на неговиот турбулентен однос со Амбер. Тој е окарактеризиран како „човек кој тепа жени“ и „силеџија“, додека пак судијата во тој случај пресуди во корист на таблоидот.

Џони Деп поднесе жалба на оваа пресуда и повторно загуби, барем што се однесува до Велика Британија. Во САД, тој и Амбер се тужат меѓусебно за повреда на честа.

 

 

Извор:

nova.rs

Фото:

vanityfair.com

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1