ММС

Објавено на: 08/16/21 9:06 PM

Кина со порака: Ќе го почитуваме правото на избор на авганистанскиот народ

Кина во врска со случувањата во Авганистан, каде што Талибанците почнаа да го заземаат главниот град Кабул, ја испрати пораката дека ќе го почитуваат правото на избор на авганистанскиот народ, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите на новинската агенција „Синхуа“, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, ја оцени изјавата на талибанците дека војната во Авганистан е завршена и дека наскоро ќе биде објавено формирањето на новата држава.

„Кина го почитува правото на авганистанскиот народ самостојно да ја определи својата судбина и сака да одржува пријателски односи со Авганистан“, рече портпаролот Хуа.

Посочувајќи дека Авганистан минува низ големи промени, Хуа истакна дека Кина ќе ги почитува желбите и правото на избор на авганистанскиот народ.

Кина е загрижена дека насилството и нестабилноста во земјата, откако САД почнаа да се повлекуваат од Авганистан, ќе влијаат на нејзините погранични региони.

Автономниот регион Ксинџијанг на северозапад од земјата има тесен граничен коридор со Авганистан.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1