ММС

Објавено на: 08/16/21 6:48 PM

„Зелен хуман град“ започнува со собирање потписи за советничка листа и градоначалник на Град Скопје

Активистичката коалиција „Зелен хуман град“ од денес официјално го започнува процесот за собирање потписи за независна листа, која ќе се одвива во сите подрачни одделенија на ДИК на територијата на Скопје, за советничка листа и градоначалник на Град Скопје, известуваат од коалицијата.

-Новина е тоа што освен за советничката листа за Град Скопје, ќе собираме потписи и за
кандидат за градоначалник чиешто име ќе го откриеме на самата прес-конференција. Се
работи за професионалец со висок интегритет кој долги години е активен на македонската
политичка сцена и чиишто принципи и работна етика целосно се поклопуваат со целите и
заложбите на „Зелен хуман град“. На Скопје му претстои еден од најпресудните моменти во неговиот развој, усвојувањетона Генералниот урбанистички план (2022-2032). Тој плански документ ќе биде главната одредница според која ќе се развива Скопје во следните години. Таков комплициран и
деликатен процес не смее да биде препуштен во рацете на оние кои во континуитет го
уништуваат градот, стои во соопштението до јавноста.

Од организацијата испраќаат порака дека време е Град Скопје конечно да добие управувачка структура која ќе биде насочена кон обезбедување квалитетен живот за скопјани и одржлив развој.

 

Фото:

Facebook / ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1