ММС

Објавено на: 08/16/21 2:26 PM

Осум починати, 269 нови случаи на корона во државава

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информираше за ковид билансот за последните 24 часа.

-Во последните 24 часа се направени 3.480 тестирањa, а регистрирани се 296 нови случаи на Ковид-19 и тоа Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 2, Велес, Кавадарци, Виница и Кратово – по 1. Регистрирани сe 109 оздравени пациенти и тоа Тетово – 42, Скопје – 33, Гостивар – 12, Куманово – 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево – по 2, Велес – 1, информираат од МЗ.

Пријавени се 8 починати лица и тоа 3 починати лица од Гостивар (54г,69 и 78г), по 2 лица од Струга (69г и 74г) и Тетово (44г и 51г) и едно лице од Кочани (74г). Сите починати лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.065.772 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 162.457 бројката на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а бројот на активни случаи изнесува 5.937.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1