ММС

Објавено на: 08/16/21 1:33 PM

„Во Авганистан во моментов 25 се качуваат на авион, 25 чекаат трансфер и 25 се во воената база, рече министерот Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи пред малку одржа средба со новинарите на која ги изнесе податоците за нашите граѓани, кои чекаат евакуација од Авганистан.

-Државата уште во јуни ги повлече сите  воени, дипломатски и цивилен персонал, што значи немаме свои претставници таму. Уште во саботата формирав работна група за следење на состојбите на терен и активностите за извлекување на нашите граѓани кои се работно ангажрани или се затекните по било која приватна основа. Отворени се повеќе опции за асистенција на нашите граѓани. Остварен е контакт со компаниите кои имаат договори за евакуација на нивните вработени и со нив се води дирекна координација. Испратени се формални барања до сите земји кои имаат присуство во Авганистан за нивна асистенција при евентуално организирани летови за евакуација. Голем број земји одговорија дека ќе ги земат во предвид нашите потреби, рече Османи и додаде:

– Стапивме во контакт со САД, Турција и Катар, кои имаат најсилна логистичка воена и дипломатска мрежа во Кабул, остварени се линии за брза комуникација. Обезбедени се повеќе  опции за евакуација на нашите граѓани. Од околу 50 граѓани кои утрово беа на аеродромот во Кабул, половина од нив, 25 се наоѓаат веќе на воениот терминал и се регистрирани за следниот лет со воен авион на армијата на САД и ќе бидат упатени во Доха, Катар и нивното враќање е неспорно. Останатите 25 се упатени на следниот лет и во моментов работиме на нивна регистрација и евакуација од аеродромот во Кабул. Знам за уште 25 кои се наогаат во американската база во Кабул, во близина на аеродромот. Тие се безбедни и се на листа на чекање за да се трансферираат на аеродром и потоа авакуирани. За други не знам и нема ниту еден загрозен, рече Османи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1