ММС

Објавено на: 08/16/21 11:27 AM

Москва нема да брза со признавање на новата влада во Авганистан, дел од руските државјани се евакуираат

Во Авганистан моментално се наоѓаат стотина вработени во руската амбасада во Кабул, дел од нив ќе бидат пратени на одмор и евакуирани, а досега немало барања за евакуација на државјани на Русија со авганистанско потекло, кои се стотина, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.

– Ситуацијата е следна, имаме амбасада и таа е релативно голема, но за секој случај се работи за стотина луѓе. Некои наши вработени ќе бидат пратени на годишен одмор или ќе бидат евакуирани на друг начин, со цел да нема многу луѓе, истакнал Кабулов за радио „Ехо на Москва“

Тој објаснува и дека постои и друга категорија, а тоа се државјаните на Русија кои имаат авганистанско потекло, а се работи за стотина луѓе.

– Некои од нив веќе се евакуирани под потполно друг изговор, кога ги евакуиравме нашите граѓани поради пандемијата и многу од нив ја напуштија земјата. Моментално немам конкретни податоци за барања за итна евакуација на овие граѓани со руски пасоши, вели Кабулов.

Дипломатот им препорача на сите кои остануваат во Авганистан да бидат мирни, но да не излегуваат надвор од куќите без посебна потреба и да не привлекуваат внимание кон себе, се додека ситуацијата во потполност не се разјасни.

Кабулов вели дека Москва има резервен план за Авганистан.

– Секогаш имаме „план Б“ во главата и срцето, но не трчаме од едно до друго. Моментално работиме по „план А“, одговори Кабулов на прашање на водителот.

Русија ни нејзините партнери вели не очекувале таков брз развој на ситуацијата во земјата , иако предвидувале дека талибанците ќе играат водечка улога. Одговорност за она што се случило во голема мера според нив е поради Вашингтон.

Кабулов исто така нагласи дека Москва нема да брза со признавањето на новите власти и дека се ќе зависи од нивното однесување.

Ситуацијата во Авганистан ескалира во последните недели откако почна офанзивата на талибанците на големите градови. Тие вчера ја презедоа и контролата над сите гранични премини, над Кабул и претседателската палата. Истовремено авганистанскиот претседател Ашраф гани ја напушти земјата, за како што вели да спречи крвопролевање.

 

извор: новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1