ММС

Објавено на: 08/16/21 10:51 AM

Сообраќајка кај Охрид – Повредени две лица

Тешка сообраќајна несреќа се случила на патот Ресен – Охрид, информираат од полицијата.

-Вчера во 11.10 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на с.Опеница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(60) од с.Косел, охридско и мотоцикл „априлиа“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(25) од с.Мало Коњари, прилепско. Во незгодата Г.Б. се здобил со тешки телесни повреди, а неговата сопатничка Т.Т.(24) од Прилеп се здобила со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“- Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1