ММС

Објавено на: 08/16/21 7:31 AM

Ердоган: „Со ѕидови подигнати на границата ќе ги запреме илегалните влегувања во Турција“

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, им се обрати на Турските вооружени сили на границата со Иран и рече дека мора да се запре тероризмот на лаги што се шири низ Турција, известува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган телефонски разговараше со турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, кој го предводи воениот врв на Турција во посета на пограничните сили на границата со Иран.

Акар го информираше турскиот претседател за состојбата на теренот, а Ердоган, обраќајќи им се на турските погранични единици, рече дека Турција се соочува со голем предизвик, вклучувајќи поплави и шумски пожари.

„Паралелно со тоа, на сцената е и проблемот што го предизвикуваат гласините. Уверен сум дека вие ќе го решите и проблемот на озборувања. Тоа е потребно да се надмине бидејќи низ Турција се шират терористички лаги“, рече Ердоган.

Ердоган рече и дека ќе бидат издигнати ѕидови на границата со Иран со цел да се спречат илегалните влегувања во Турција.

„Sидовите на границата се наши безбедносни ѕидови. На тој начин ќе се намали товарот врз нашата војска и полиција“, порача Ердоган.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1