ММС

Објавено на: 08/16/21 7:23 AM

Сончево и многу топло, а од четврток не’ очекува разладување

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло  со мала локална облачност најавуваат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 19 степени и максималната  до 38 степени.

Топлото време ќе се задржи до среда попладне кога се очекува дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи  и умерен до засилен северен ветер.

Дневната температура од четврток ќе се намали за неколку степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1