ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/15/21 10:53 PM

(Видео) Ако наш колега биде нападнат и ние ќе излеземе на протест, велат од Асоцијацијата на специјалнизанти и млади лекари

По вечерашниот протест против новите ковид мерки и вакцини, каде се извикуваше „Убијци, убијци“ се огласи Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и ја повика Лекарската комора и Министерството за здравство да ја заштитат фелата.

-Најостро го осудуваме говорот на омраза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија лекувањето на пациентите болни од Ковид. Ја повикуваме Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени. Доколку било кој наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица, информираат од Асоцијацијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1