ММС

Објавено на: 08/15/21 9:16 PM

До што доведува недостатокот од сон

На секој од нас му е потребо околу осум часа сон секоја ноќ за да останеме здрави. Сигурен знак за недостаток на сон е кога наутро се будите уморни и мечтаете што побрзо да се вратите од работа и да се наспиете.

Многу фактори влијаат на квалитетот на сонот, но сега ќе зборуваме за друго. Доколку спиете помалку подолг временски период, ќе се појават последици на кои ве предупредуваме.

Умор и намалена концентрација

Уморот и неможноста да се сконцентрираме по непроспиена ноќ – сите сме се соочиле со ова. Една непроспиена ноќ и не е така голема работа, но доколку континуирано се повторува, тогаш тоа ќе повлече со себе сериозни проследици. Концентрацијата е намалена, тешко се донесуваат одлуки, а се појавуваат и знаци на депресија.

Депресија зад аголот?

Со текот на времето пореметеното спиење и недостатокот на сон можат да доведат до сериозен проблем. Несоницата е најчесто поврзана со депресијата и е прв знак на оваа психолошка состојба. Несоницата и депресијата се нераскинливо испреплетени, недостатокот на сон ги влошува симптомите, а депресијата го отежнува спиењето.

Кожата нема да ви биде благодарна

По непроспиените ноќи сите сме се соочиле со потечени очи, но кога недостатокот на сон е хроничен, состојбата со кожата се влошува. Под очите се појавуваат темни кругови, а самата кожа станува бела. За тоа постои и научна основа, со недостатокот на сон хормонот на стресот кортизол се ослободува во големи количини, а тоа може да го разгради природниот колаген на кожата кој ја одржува мазна и еластична.

 

извор:пинк


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1