ММС

Објавено на: 08/15/21 1:13 PM

Ако САД побара Приштина мора да прими Авганистанци, смета албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека Косово треба позитивно да одговори на сместувањето на Авганистанци, доколку тоа го побара САД, а потврди дека Албанија ќе го стори тоа.

-Не знам дали Американците побарале од Косово да ги тргне Авганистанците кои биле изложени како пријатели или соработници на сојузничките војски. Ако е така, тогаш би сакал Косово да одговори позитивно, напиша Рама на својот фејсбук профил.

Тој вели и на самитот на НАТО изразил загриженост за животот на авганистанските соработници, по повлекувањето на алијансата од Авганистан.

Последните денови во некои албански медиуми кружи веста дека САД побарале од Албанија и Косово привремено да сместат Авганистанци кои бегаат од теророт во својата земја.

Поранешната амбасадорка на Косово во САД, Вјора Читаку, вели дека Косово мора да покаже великодушност и да прифати одреден број избеглици од Авганистан.

Читаку на фејсбук напиша дека на граѓаните на Косово им е познато чувството на беспомошност кога некој насилно ќе биде исфрлен од домот, како и болката и неизвесноста кога безволно се одвојуваш од се што знаеш и сакаш.

 

извор:б92


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1