ММС

Објавено на: 08/15/21 12:02 PM

Скопје ќе добие нови летни отворени сцени во Градскиот парк

Скопје ги започна постапките за изведба на две летни отворени сцени во зелениот појас на Градски парк во Скопје, едната спроти Сточарскиот институт во вториот дел во Градскиот парк  и другата во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“.

Двете сцени ќе се изведуваат според наградените решенија, каде Град Скопје минатата година објави оглас за конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на три локации во зелениот појас на Градскиот парк во Скопје. Град Скопје најдобрите трудови ги награди со по 70.000 денари за секоја од трите локации.

Првата летна сцена која ќе се гради спроти Сточарскиот институт, ќе биде отворена сцена составена од неколку делови и тоа од армирано бетонска бина или подиум подигнат 40 см. над теренот, челична носечка конструкција со два зглоба анкерувани во армирано бетонската подлога со челични папучи заварени за неа во кои налегнуваат дрвените талпи поставени како изводници на коноид врз челичната носечка конструкција. Гледалиштето ќе се оформува со преместување на трибините кои, во оној период кога нема организиран настан на сцената, се поставени околу стеблата на поголемите дрвја кои се наоѓаат на локацијата и имаат улога на урбана опрема, клупи наменети за посетителите на паркот.

Втората сцена е лоцирана во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак Кану клубот „Илинден 90, каде истата ќе биде во вид на пресечен конус. Кај оваа сцена аудиториумот е вкопан со цел да се задоволат стандардите за непречено следење на сценската изведба. Секој ред е со широчина од 160см и освен за седење може да се користи за понеформални собири и токму поради тоа не е предвидено поставување столчиња или друга опрема.

Ваквите отворени сцени се потребни за Скопје и скопјани, особено во изминатиов период со појавата на глобалната пандемија на корона вирусот. Со изградбата на летните сцени Скопје ќе добие нови локации каде ќе се организираат бројни настани, а ќе овозможат на скопјани да уживаат во квалитетни културни и музички изведби.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1