ММС

Објавено на: 08/15/21 11:49 AM

Талибанците му се приближуваат на Кабул

Авганистанската престолнина е последниот голем град кој се уште го држат владините сили, откако сите други клучни градови паднаа пред офанзивата на талибаницте, пренесува Дојче Веле.

Исламистичката милитантна група која зазеде повеќе делови од Авганистан, почна  да влегува и на периферијата на Кабул, соопштија локалните власти. Авганистанското МВР информира дека талибанците почнале да влегуваат во Кабул од сите страни.

Од друга страна пак, шефот на кабинетот на авганистанскиот претседател Ашраф Гани на социјалните мрежи напиша „без паника, Кабул е безбеден“.

Талибанците им порачаа на своите борци да се воздржат од насилство во Кабул, да овозможат сигурно да поминат сите оние кои сакаат да одат, а жените да се упатат во заштитени подрачја, пренесува „Би-Би-Си“.

Авганистанската пратеничка во Кабул, Фарзана Кочаи, за „Би-Би-Си“ вели дека луѓето очајнички пробуваат да побегнат од главниот град.

-Не знам, не можат никаде да одат, овде нема повеќе ништо. Велат дека летовите се полни и дека сме заробени овде, вели Кочаи.

Таа потенцира и дека жените во другите делови од земјата, каде талибанците веке ја презедоа контролата, и рекле дека веќе нема да одат на работа или во училиште.

-Ситуацијата за жените е полоша отколку што очекувавме. Тие ќе бидат затворени во своите куќи, не знам дали нешто може да се промени, вели Кочаи.

Талибанците ја започнаа офанзивата пред скоро две недели, заземајќи повеќе клучни градови.

 

извор:нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1