ММС

Објавено на: 08/14/21 4:58 PM

Уживајте во топлото време уште викендов, од следната недела пороен дожд и заладување

Утре не очекува претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во итнтервал од 12 до 21, а максималната од 32 до 38 степени. УВ=8.

Во Скопје, сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.

До вторник ќе се задржи стабилно и топло време, кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени. Дестабилизирање на времето се очекува од среда, проследено со локален пороен дожд, грмежи и постепено опаѓање на дневните температури.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1