Приведени четворица лихвари од Неготино, се заканувале и запалиле патничко возило
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/14/21 2:23 PM

Приведени четворица лихвари од Неготино, се заканувале и запалиле патничко возило

На 13.08.2021 од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за економски криминал и корупција и Секторот за  општ и насилен криминал, во координација со Оддел за специјални полициски операции и со СВР Велес, лишени се од слобода  П.М.(22), Д.П.(23), Ј.К.(21) и В.З.(24), сите од Неготино, информираат од МВР.

По претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, по преземени мерки и активности бил извршен претрес во домовите на овие четири лица, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „изнуда“, „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување на општа опасност“, при што биле пронајдени повеќе предмети од извршените кривични дела.

Пријавените давале пари на заем со писмени и усмени договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати, со цел противправно да се стекнат со материјална корист. За да ја постигнат целта користеле закани, физичка сила, а на 09.08.2021 запалиле и патничко возило, со што предизвикале пожар и општа опасност по околината.

Против нив СВР Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Кавадарци по чл.260, чл.258, чл.144 и чл.288 од Кривичниот законик, а од страна на Основен суд Кавадарци им е одредена мерка притвор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7