ММС

Објавено на: 08/14/21 1:05 PM

Албанците од конфликтот во 2001-та добија повеќе затоа што ги си почитуваат своите борци – став на Ангелов

Непотребна и скапа прослава во време кога државата гори – е оценката на генералот Стојанче Ангелов на одбележувањето на 20-годишнината од вооружениот конфликт. Генералот, кој беше тешко ранет во тој конфликт, при гостувањето во емисијата Стадион на Канал 77, оцени дека само поради неединството и поделеноста, македонските бранители се нашле во подредена позиција во однос на Албанците, кога се во прашање остарување на нивните права.
-Дека се згрижени сите Албанци, не се. И тие се жалат, но сепак се најдоа во подобра позиција. Тоа е така затоа што Албанците си ги почитуваат нивните борци, за разлика од Македонците. Многу бранители се згазени на различен начин, ама овде вината е наша, затоа што да се обидиневме сите околу партијата Достоинство, развојот на настаните ќе беше друг, рече Ангелов.
Тој смета дека оние кои го сдлават Рамковниот договр, треба да го слават, но поскромно.
-Јас не би го славел, но Рамковниот договр му даде мир на државата. Но, толку пари за еден настан не е во ред кога гори државата. Многу пари се фрлија за се’ и сешто, наместо да се вложат во противпожарна опрема, одговори Стојанче Ангелов.
Во однос на конфликтот од 2001-та, генералот Ангелов оцени дека беше загубен на политичка маса.
-Доживеавме политички пораз. 20 години подоцна свесен сум низ каква траума поминувал покониот претседател Борис Трајковски. Во книгата на тогашниот началник на Генералштабот стои дека имале разузнавачки информации од Јонско впловува во Јадранско Море и тоа бил еден од катализаторите да ги прифатат условите, коишто биле понудени и да започнат серизни преговри за мир. Верувам дека ако државниот врв продолжеше со дотогашната тактика, можеше да ни се се случи тоа што и се случи на Србија во 1999 година. Сепак, ова е побезболно решение. Воено победивме, политички изгубивме, изјави Ангелов во емисијата Стадион.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1