ММС

Објавено на: 08/14/21 12:24 PM

Во градовите каде што е помал процентот на вакцинација, има повеќе заразени со Ковид-19, изјави Филипче

Анализата покажува дека е посебно голем бројот на новозаразени пациенти со Ковид-19 во градовите каде што е поприлично мал процентот на вакцинација (околу 20 или 23 отсто).

Поголем дел од дијагностицираните лица биле на некаква прослава и тоа воопшто не е чудно, изјави министерот за здравство Венко Филипче, при посетата на општата болница во Охрид.

-Анализата покажува дека е посебно голем бројот на дијагностицирани во градови каде што поприлично е мал процентот на вакцинација, околу 20 и 23 отсто во градовите Тетово, Гостивар, Куманово, Кичево и сега Охрид. Во Охрид на пример, мал број луѓе се јавуваат на преглед. Од вкупно 3497 пациенти дијагностицирани во изминатите седум дена, дури 3047 лица се невакцинирани, изјави Филипче.

Тој додаде дека само 0,002 отсто од вакцинираните граѓани во земјава се заразени со коронавирусот. Од друга страна, вакцинираната популација е сигурна и безбедна поприлично и тоа докажува дека вакцината е ефикасна и ефективна и дека нема компликации.

Според анализата на Министерството за здравство од пред една седмица, 40 отсто од тогаш хоспитализираните биле на некаква прослава и тоа не е чудо. Кластерите најчесто се создаваат од масивни собири каде што превентивните мерки не се почитуваат.

 

[д.ј.]

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1