ММС

Објавено на: 08/14/21 10:37 AM

Кривична пријава против дебранец за предизвикување шумски пожар

СВР Охрид вчера поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Дебар, во врска со пожар настанат на 08.08.2021 година во село Бомово, дебарско, против лицето Б.М.(60), за сторено кривично дело предизвикување шумски пожар, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден, во врска со пожар за кој вчера било пријавено дека настанал во село Горно Мелничани, дебарско, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Р.Албанија) и во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од сeло Броштица.

По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1