ММС

Објавено на: 08/14/21 10:07 AM

Охридскиот договор нè зближува едни со други и Европската Унија, изјави албанскиот претседател Мета

Албанскиот претседател Илир Мета во објава на Фејсбук даде своја оценка за Охридскиот рамковен договор. Имплементацијата на Охридскиот договор нè приближува до ЕУ, а Албанците се гаранција за евроатланската интеграција на Северна Македонија, пишува Мета во објавата.   

Оценува дека е постигнат значаен напредок во почитувањето на договорот, но ја охрабрува неопходноста од негова целосна имплементација.

– На 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, ценејќи го значајниот напредок досега постигнат во неговото почитување, ја охрабрувам неопходноста од целосна имплементација и интегрално заживување, како одлична можност за понатамошна консолидација на мирот и меѓуетничката хармонија, за зајакнување на односите, како и зближување едни со други и Европската унија, пишува Мета.  

Додава дека Албанците во Северна Македонија, во овие две децении, не биле посветени само на стабилноста на земјата, туку биле и гарант за нејзината евроатлантска интеграција.  

Посочува дека почитувањето на сите нивни слободи и права, според најнапредните европски стандарди, е од суштинско значење и поттикнува поголемо и подобро учество на Албанците во општествениот, административниот и политичкиот живот на Северна Македонија.   

Братски и горди поздрави до нашите сонародници, за нивната активна, конструктивна и незаменлива улога и посветеност кон суверенитетот и евроатлантската интеграција на Северна Македонија, напиша Мета на „Фејсбук“. 

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1