ММС

Објавено на: 08/14/21 8:19 AM

Актерската екипа е позната, на есен ново продолжение на филмот „Сам дома“

Доколку сте љубител на серијалот филмови „Сам дома“, за вас пристигнува ново продолжение на оваа популарна комедија. Во прашање е остварувањето под назив „Home Sweet Home Alone“, кое својата премиера ќе ја има на 12.ноември на платформата „Дизни плус“, пренесува англиски „Daily Mail“.

Актерската екипа веќе е позната. Имено, главната улога ќе ја игра Арчи Јејтс (12), кој ќе го толкува ликот Макс Мерсер, дете кое во овој филм ќе биде заборавено од страна на неговото семејство. Родителите на малиот Макс го оставаат дома и одат на одмор во Јапонија.

Малиот Макс налик на Кевин Мекалистер (кој во првите два дела го толкуваше актерот Меколи Калкин), ќе ја штити семејната куќа од крадци.

Во филмот „Home Sweet Home Alone“, ќе се појават и Ели Кемпер (44), Кенан Томпсон (43), Роб Дилејни (44). Комедијата ја режира Ден Мејзер по сценариото на Мајк Деј и Стритер Сајдел.

 

Извор:

telegraf.rs

Фото:

imdb.com

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1