ММС

Објавено на: 08/13/21 9:55 PM

Среќко Шоиќ задржан во болница, веќе неколку дена се чувствувал лошо

Актерот Милан Лане Гутовиќ денеска итно бил примен на Воено -медицинската академија во Белград, под сомнение дека е заразен со коронавирус, дознаваат медиумите.

Како што се испостави, тој исто така има хронични заболувања, па затоа бил задржан на клиниката како мерка на претпазливост, и најпрво поради симптомите на ковид. На Гутовиќ прво му бил даден брз тест, кој покажал дека актерот е негативен за корона, но утре ќе има подетални прегледи и ПЦР тест. Моментално е изолиран во Военомедицинската академија, и доколку се покаже дека има коронавирус, веднаш ќе биде префрлен во надлежната болница.

Според информациите, Милан Лане Гутовиќ веќе неколку дена се чувствува лошо и оваа недела веќе бил прегледан на оваа клиника, но поради други големи здравствени проблеми.

После хоспитализацијата тој телефонски бил комтактиран од српските медиуми и рекол дека се чувствува добро:

-Па гледате дека зборувам со Вас, значи дека сум добро, рекол Лане Гутовиќ.

Извор: Новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1