– ММС
Спорт Тенис

Федерер: Ју Ес Опен ќе биде епски

Роџер Федерер е подготвен да го одигра првиот официјален натпревар по четвртфиналето на „Вимблдон“.
По пауза од повеќе од еден месец, Швајцарецот ќе игра против германскиот тенисер Петар Гојовчик во второто коло од „Мастерсот“ во Синсинати и не се очекува да има тешка задача против сегашниот 47-ми играч на АТП листата.
Додека се подготвува за претстојниот турнир, кој го има освоено седум пати, популарниот „Федекс“ исто така размислуваат и за Ју Ес Опен и полека го подготвуваат теренот за последниот за годината Гренд Слем турнир.
– Ова се многу возбудливи времиња, многу од најдобрите играчи се враќаат во игра и мислам дека Ју Ес Опен ќе биде епски. Титулата на Ѓоковиќ на „Вимблдон“ беше огромна работа, не мислам дека некој ја очекуваше. Се сеќавам на прес-конференцијата по победата над Марко Чекинато во Париз, кога рече дека е фрустриран и не е сигурен дека ќе игра на трева, потоа го освои Квинс, па „Вимблдон“ и работите брзо се свртеа, изјави Швајцарецот.
Србинот во Лондон ја прекина доминацијата на Федерер и Надал на турнирите од „големата четворка“.
– Мислам дека е одлично за спортот, јас сум среќен поради тоа, бидејќи во последниве години сигурно не му беше лесно. Сепак, не мислам дека некој треба да го жали, како ни Надал, ниту мене. Имавме многу успех, па одлично е кога ќе се вратиш по некој лош период, заклучи Федерер.

Лограње

X

Регистрација