ММС

Објавено на: 08/13/21 7:06 PM

48 години сепак не се исто како 20 – Никола Димитров скршил рамо

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на својот Фејсбук профил објави дека си го скршил рамото и бил опериран на Тоарилуц.

-Огромна благодарност до хирурзите, анестезиолозите, медицинските сестри, болничарите и целиот прекрасен и посветен тим на ортопедија, ургентен, траума и карил (Тоарилуц) што се погрижија скршеницата на моето рамо да биде само една голема лекција за во иднина. 48 години сепак не биле исто што и 20, напиша Димитров на социјалните мрежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1