ММС

Објавено на: 08/13/21 1:27 PM

Оружен напад во Британија: Загинаа шест лица, меѓу кои и напаѓачот

Шест лица загинаа, вклучувајќи го и напаѓачот, во оружен напад во британскиот град Плимут, известува Агенција Анадолија (АА).

Полицијата на Девон и Корнвол, во соопштението во врска со нападот во областа Кејхам во градот Плимут, потврди дека во инцидентот загинале шест лица, меѓу кои и вооружениот напаѓач.

Во соопштението се вели дека две жени, двајца мажи и лицето кое го извршило нападот, ги загубиле животите на местото на настанот, информирајќи дека причина за нивната смрт биле здобиените рани од куршуми.

Во продолжение се наведува дека една жена, која била ранета, починала во болницата во која била пренесена.

Полицијата, соопштувајќи дека напаѓачот бил застрелан од страна на безбедносните сили, додаде дека нападот не е поврзан со тероризам.

Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, на социјалната мрежа Твитер, изразувајќи жалење за инцидентот во Плимут, напиша „Ги повикувам сите да останат смирени, да ги следат полициските совети и да им дозволат на нашите служби за итни случаи да продолжат со својата работа.“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1