ММС

Објавено на: 08/13/21 12:33 PM

ОФИЦИЈАЛНО: Горан Пандев уште една година во Џенова

Maкедонската фудбалска легенда, Горан Пандев, го продолжи договорот со италијанска Џенова на уште една година, соопштуваат од клубот.

Триесет и осумгодишниот Пандев, кој за последен пат во националниот дрес настапи на изминатото Европско првенство против Холандија, ќе се задржи во Џенова до 30 јуни, 2022 година и веројатно тогаш ќе ги „обеси копачките на клин“ и ќе се повлече од професионалното играње на фудбал.

Желбата на струмичанецот беше уште еднаш да заигра пред полни трибини и на тој начин да се збогува со преубавата игра.

 

Во 165 настапи за клубот од „Луиџи Ферарис“, македонскиот напаѓач има постигнато 32 погодоци и има успешно асистирано 11 пати.

 

Фото:

Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1