ММС

Објавено на: 08/13/21 2:01 PM

Антикорупциска: Да се почитуваат законите за време на изборите

Државната комисија за спречување корупција ќе го следи целиот изборен процес и во случаите со основи за сомневања за прекршување на законите, ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе побара преземање активности во рамки на нивните надлежности – информираше претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

-За локалните избори 2021 година Државната комисија за спречување на корупција сака повторно да им укаже на министерствата, фодовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторните тела, трговските друштва основани од државата како и други инситуции. А особено на единиците на локлната самоуправа дека имаат обврска да ги почитуваат и применуваат одредбите на членовите 8А и 8Б од изборниот законик како и законот од член 34 – Законот за спречување на корупција и судир на интереси кој се однесуваат на ограничување на и забрани за одредени акивности во изборниот период, рече Билјана Ивановска и потсети дека не смеат да се користат државните пари од денот од распишувањето и до завршувањето на локалните избори.

Катица Николовска од ДКСК, говорејќи за активностите на Комисијата во однос на целиот изборен процес за претстојните Локални избори 2021, рече дека изминатата недела Комисијата примила 60 барања за мислења од институции, за што, според неа, постои правна несигурност во однос на одлучувањето во самите институции и бараат согласност од ДКСК.

Атикорупциска во овој изборен процес ќе има поддршка од ИФЕС која ќе обезбеди следење на учесцниците н овие избори кои ќе собираат информации за начинот на рекламирањето и сите овие анализи навремено ќе пристигнуваат во ДКС.

Исто така на овие избори ќе има 50 набљдувачи, а за првпат на овие избори има објавн оглас за 5 аналитичари, но за овој повик заинтересираноста е многу мала. Аналитичарот ќе има за задача да собира податоци за финасиските извештаи, но и анализи од терен кои треба да се достават до ДКСК.

Николовска на прес-конференција кажа дека  ДКСК нема надлежност да дава мислења по овие предмети.

– Во делот на вработувањата се најголем дел од овие барања односно дали смеат да вработуваат.  Во делот на измените во Изборниот законик предвидено е дека вработувања може да се вршат само во дело на неодложни и итни случаи, освен за потребите на воспитно образовниот процес, појасни Николовска.

Ивановска истакна дека самата постапка на објавување огласи за вработување непосредно пред започнување на изборниот процес, не е во ред иако законски не е забрането.

– Ние сметаме дека тие не се во духот на доброто управуавње и дотолку повеќе што веднаш треба да се стават во мирување. Со самото објавување ги ставаат во заложничка позиција оние што очекуваат да бидат вработени и тоа може да го користат како класичен клиентелизам односно обезбедување гласови, рече Ивановска, одговарајќи на новинарско прашање.

 

В.П

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1