ММС

Објавено на: 08/13/21 9:21 AM

Бритни конечно е слободна! Нејзиниот татко се откажува од старателството

Бритни Спирс(39) по 13 години ја доби својата слобода.

Бритни Спирс со месеци се бореше против старателството што и беше наметнато кога имаше нарушено ментално здравје во 2008 година од кое не можеше да се ослободи иако повеќе не и беше потребно.

Нејзиниот татко Џејми Спирс (69) остана како последен чувар на нејзиното богатство, а сега конечно се повлече и призна дека тоа било во итерес на неговата ќерка.

Таткото на Бритни  Спирс ќе соработува со судот  и изјавил дека ќе ги подготви документите за пренос на старателството.

Бритни успеа да ја добие битката откако и беше дозволено да има свој адвокат, и тврди дека сите нејзини роднини ја поддржале во идејата за отстранување на Џејми од позицијата старател.

Џејми додаде дека јавноста ја поддржува Бритни само затоа што не ги знае сите детали за нејзината состојба во изминатите 13 години, инаку во спротивно секој би бил на негова страна.

Тој  рече дека судот знае дека  ја сака својата ќерка и дека се правел за нејзин интерес.

За време на судењето, кога Бритни сведочеше, таа откри шокантни детали:

-Сите што учествуваа во овој притвор треба заедно со татко ми да бидат во затвор, рече таа.

Пејачката имаше исклучително силна поддршка од јавноста додека медиумите ги следеа сите нови промени во случајот. Се одржаа и протести за нејзината слобода.

 

Извор: 24.сата.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1