ММС

Објавено на: 08/12/21 10:36 PM

Една несреќа по друга -По пожарите Турција ја зафатија поплави, девет лица загинати

Кабинетот за управување со вонредни состојби во Турција (АФАД) соопшти дека поради последиците предизвикани од поплавите во Кастамону починале 9 лица, а се трага по едно исчезнато лице во Бартин, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од АФАД потсетија на обилните врнежи кои го зафатија западниот Црноморски Регион и предизвикаа поплави во Бартин, Кастамону и Синоп.

Поплавите се забележани во подрачјето Улус, Бартин, во подрачјата Аздавај, Инебол, Бозкурт, Кура и Пинарбас, во Кастамону и подрачјето Ајанчик во Синоп. На терен веднаш излегоа надлежните служби кои ги покренаа акциите на евакуација, спасување и потрага и чистење на теренот.

Активностите на терен се спроведуваат во координација со кризните штабови.

„Поради поплавите во Кастамону починаа 9 лица. Во тек се акциите на потрага по едно исчезнато лице во Бартин“, се наведува во соопштението.

Во потрагата по исчезнатото лице во местото Улус Акоренсокулер во Бартин учествуваат екипите на АФАД, пожарникарите, медицинските спасувачки тимови и жандармеријата.

Покрај тоа, во приправност се и екипите во Самсун, Амасја, Корум, Чанкири, Карабук, Гиресун, Орду, Токар, Болу, Дузџе и Зонгулдак.

До прекин со напојување со електрична енергија дојде во четири села во Бартин, 194 во Кастамону и 87 села во Синоп.

Со посредство на Министерството за транспорт и инфраструктура на Турција, надлежните екипи се на терен и работат на оспособување на инфраструктурата. Многу мостови се оштетени во три области, а два моста се срушени во Кастамону и Бартин.

Воедно, во тек се активностите на повторно пуштање на одредени патишта.

Во одредени делови на Кастамону и Синоп дојде до проблеми во мобилната мрежа, а во тек е отстранувањето на потешкотии во комуникацијата.

На терен се голем број на екипи на АФАД, медицинскиот спасувачки тим, жандармеријата, крајбрежната стража, полицијата, автопатот, хуманитарните организации, а ангажирани се голем број возила, чамци и летала.

Метеоролозите најавуваат нови врнежи во Црноморскиот Регион, а можни се и грмотевици.

Врнежи се очекуваат во Карабук, Кастамону, Бартин, Самсун, Синоп и Орду.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1