ММС

Објавено на: 08/12/21 4:49 PM

Парче торта од венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дајана продадено за неверојатна сума

Парче торта од венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дијана Спенсер од 1981 година беше продадено на британска аукција во средата за 1.850 фунти, со предупредување – немојте да го јадете.

Почетната цена на парчето торта стара 40 години со марципан и бела глазура, украсено со кралскиот грб, изнесуваше од 300 до 500 фунти, но беше продадено за трипати повеќе од цената.

„Бевме изненадени од бројот на луѓе кои сакаа да дадат понуда за ова големо и уникатно парче кралска торта“, рекол аукционерот Крис Албури и специјалист за кралски спомени во аукциската куќа „Dominic Winter Auctioneers“.

„Имаше многу прашања од понудувачите, главно од Велика Британија, САД и неколку земји од Блискиот Исток“, реkol Албури во е -пошта, додавајќи дека успешниот понудувач дошол од Лидс, на северот од Англија, пренесува Тпортал.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by D and E (@_royalteatime_)

Тортата прво и беше дадена на Моира Смит, која работеше за кралицата мајка во резиденцијата на Кларенс Хаус во центарот на Лондон. По смртта на Моира Смит, нејзиното семејство го продаде на приватен колекционер за 1.000 фунти на аукција во 2008 година.

„Изгледа дека е во иста добра состојба како кога беше првично продаден, но ве советуваме да не го јадете“, велат аукционерите.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1