ММС

Објавено на: 08/12/21 2:58 PM

(ВИДЕО) 20 години не ја шишала косата, не можела да ја исчешла и измие, а причината е емотивна

Долгата коса отсекогаш била симбол на женственост, но симбол на слобода и борба. За двата пола, косата е сила, но за жените е многу повеќе од тоа.

Се вели дека долгата коса е копнежот на секоја жена и сон на секој фризер. Но не било каква долга коса. Германката Стефани не ја шишала косата 20 години, а кога конечно одлучила да го направи тој чекор, нејзината коса тежела четири килограми.

Целиот процес бил прилично емотивен за неа – поради самата промена, поради ветувањата што ги дала на нејзината мајка.

Досега, таа никому не признала зошто одлучила да ја пушти косата да расте толку долго. Имено, пред да почине нејзината мајка, оваа девојка и ветила дека нема да дозволи никој да ја шиша, но и да ја допира.

Нејзината мајка ја сакала долгата коса на нејзината ќерка и често и помагала во стилизирањето.

Проблемите се појавиле кога Стефани не можела соодветно да се грижи за косата – со години не можела да ја чешла или да ја измие косата целосно.

Еднаш неделно, таа успевала да го измие делот близу до врвот на главата, а потоа да ја врзува со дебело јаже. Таа се обидела да чешла, но тоа само дополнително ја искомплицирало ситуациата. Дефинитивно се откажала кога косата била целосно заплеткана и кога косата го допирала подот – тогаш одлучила да се потстрижи.

Целиот процес е снимен во видеото. Оваа девојка, која наскоро и самата ќе стане мајка, ја претрпе трансформацијата доста емотивно.

Опашката и беше исечена и тежеше четири килограми, а по фризурата Стефани ја промени бојата на косата.

Како што рече, кога ќе се роди нејзиното мало девојче, ќе се погрижи да има долга коса, за која ќе се грижи и чешла секој ден, за да не дојде во ситуација како нејзината мајка.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1