ММС

Објавено на: 08/12/21 2:08 PM

ЦЈЗ ќе ги спроведува здравствените протоколи за одбележување на 20 – годишнината од Охридскиот договор

Центарот за јавно здравство (ЦЈЗ) ќе ги спроведува  здравствените протоколи за утрешниото одбележување на 20-годишнинаната од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за полтички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, додавајќи дека за ова прашање го контрактирал и министерот за здравство Венко Филипче.

– Испратено е барање до Министерството за здравство и тоа пред три недели најмалку. Сум контактирал и со министерот за здравство по однос на сите протоколи тука. Вчера контактирав и со директорот на Центарот за јавно здравство докторот, Шабан Мемети, кој што секако ќе ги донесе и сите потребни луѓе коишто ќе ги спроведат протоколите предвидени за утрешниот настан, изјави Груби, пред проекцијата на документарниот филм „Охрид и потоа” во организација на Центарот за европски истражувања и анализи „Еуропроспера” и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Груби нагласи дека документарниот филм е снимен во 2002 година и во него сите протагонисти на Охридскиот рамковен договор, вклучително и Џорџ Роберсон, Хавиер Солана, Бранко Црвенковски, Али Ахмети, Љубчо Георгиевски и сите други коишто учествувале во преговорите, ги искажуваат своите искуства околу преговорите и го коментираат документот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1