ММС

Објавено на: 08/12/21 12:25 PM

Пад од десет места на ФИФА ранг листата на фудбалската репрезентација на Македонија

Неуспесите против Австрија, Украина и Холандија на Европското првенство, од 62.место ја паднаа македонската фудбалска репрезентација за дури десет места во најновото рангирање на ФИФА.

Позицијата број 72. на рангот на Светската куќа на фудбалот е најслаба во последните две поприлично успешни години за македонскиот репрезентативен фудбал.

Од екс-ју државите, вице-првакот од Светското првенство од Русија, Хрватска, се најде на 18.место, северниот сосед Србија е на 29. место, Грција е 48. во поредокот, Босна и Херцеговина е на 58. позиција, Словенија го зазема 66. место, додека пак Бугарија е за четири позиции послаба од нас, дури на 75.позиција.

Во однос на најквалитетните светски репрезентација, Белгија го задржува приматот број еден, а во топ 10 се и селекциите на Франција, Англија, Бразил, Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, САД и Мексико.

„Рисовите“ предводени од новиот селектор Благоја Милевски, од септември се враќаат на терените во квалификациите за Светското првенство во Катар.

 

 

Фото:

ФФМ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1