ММС

Објавено на: 08/12/21 11:55 AM

Интер во Холандија ја пронајде замената за Хакими

Распродажбата на најдобрите поединци кај италијанскиот првак летово, не беше пријатна воопшто за навивачите за Интер чија управа сега се обидува да ги пополни празните места останати од заминувањата на Ашраф Хакими во ПСЖ и Ромелу Лукаку назад во Челзи.

Незавидната финансиска ситуација ги натера челниците на „нероаѕурите“ да извлечат приближно 200 милиони евра од продажбата на своите ѕвезди, средства кои во многу мал дел ќе бидат пренасочени кон трансфери, или барем скапи и големи трансфер имиња.

Според италијанските медиуми босанскиот напаѓач Един Џеко е пред прагот на Интер, додека пак за десната бековска позиција се подготвува холандскиот репрезентативец и еден од поекспонираните фудбалери на изминатото Европско првенство, Дензел Дамфрис.

Дамфрис на „Џузепе Меаца“ се очекува да пристигне за 12,5 милиони евра плус два милиони евра изразени во бонуси. Дваесет и петгодишниот офанзивен бек во сезоната 2020/21 за ПСВ настапи во 41 меч, постигнувајќи четири погодоци и девет асистенции.

Покрај Џеко и Дамфрис во Интер под палка на Симоне Инзаги би можел во новата кампања да заигра и фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње, за кого постои огромен интерес.

 

Фото:

Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1