ММС

Објавено на: 08/12/21 11:15 AM

Сообраќајка кај Старо Нагоричане – Повредени две лица

Сообраќајна несреќа се случила кај Старо Нагоричане, повредени се две лица, информираат од Министерството за вантрешни работо.

-Вчера  околу 11.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“ и патот за с.Драгоманце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, со српска национална ознака, управувано од Н.Д.(39) од Република Србија и мотоцикл „томос“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.К.(61) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, В.К.(57) од Куманово, додека со телесни повреди се здобил И.К., констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово, стои во билтенот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1