ММС

Објавено на: 08/12/21 8:47 AM

Позната актерка открила дека непрекинато дои веќе седум години – Некогаш е тешко!

Актерата Тереза Палемр моментално е бремена со своето четврто дете, а открила неодамна на Инстаграм дека се уште ги дои деца.  Првото дете го родила во 2014 годинаа, а од тогаш таа непрекинато дои.

– Денес е 2728 ден како дојам. Почнав на 17 февруари кога го родив својот прв син. Го доев додека бев бремена со вториот син, а потоа година дена ги доев во пар. Второто дете  продолжив да го дојам додека бев времена со третото дете, а потоа него и ќерката ги доев во пар.За време на оваа бременост е уште го дојам третиот син, а наскоро ќе биде трет пат да дојам во пар, пишува таа на својот профил.

-Има денови кога ми е тешко, уморна сум и сакам да си го вратам телото, а други денови чувствувам длабока благодарност за тоа искуство. Имав привилегија да одберам доење, што го нема секој. Полесно е за некои од другите. Познавам многу жени кои се обиделе да дојат, но не можеа. На жените не треба да им се суди како ги хранат своите деца. Пред две години, маж и жена ме нападнаа затоа што ја доев мојата шестнеделна ќерка на клупа, тој момент многу ме потресе. Се надевам дека другите жени, кои одлучиле да дојат и ја имаат таа можност, можат да го сторат тоа без страв од осуда. Тешко ми е да поверувам дека се уште има дебата на оваа тема “, напиша таа.

 

Индекс.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1