ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/11/21 9:59 PM

Тим од Шумската служба на САД ќе пружа поддршка во справување со пожарите

Денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, оствари средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз.

Целта на средбата беше претставување на тимот од Шумската служба на САД, којшто како поддршка од УСАИД на националните напори за справување со шумските пожари, во наредните две недели ќе пружи поддршка на субјектите  и на ЦУК на стратешко и тактичко ниво, но и ќе се програмираат активности за понатамошна соработка.

Амбасадорката Брнз имаше и куса средба со членовите на Главниот штаб за управување со кризи, којшто е во постојано заседавање, при што беше информирана за актуелната состојба и справувањето со пожарите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1